Огромни се здравствените бенефити од консумирањето на брокулата секој трет ден. Ако редовно се јаде драстично се намалуваат шансите за срцева болест, дијабетес тип 2 и неколку типови рак.
Оваа “супер храна” му помага на телото во борба против болестите. Со консумирање на брокулата секој трет ден се јакне имунолошкиот систем и се спречуваат воспаленија. Има одлични антиоксидативни својства. Аво исхраната доминира брокулата помал е ризикот од воспалителни болести. Фенолите од брокулата не се уништуваат на висока температура. Телото ги апсорбира и ги испраќа на концентрирање во црниот дроб. Потоа се шират преку крвотокот и ги намалуваат воспаленијата со антиоксидантни активности.
Организмот сам не произведува феноли, туку се внесуваат преку исхраната. Најдобар извор се зелковидните растенија.