Б 12 против бели влакна

Доколку го забележите првото бело влакно во косата или косата одеднаш почнала да белее,  тоа не е знак на стареење, туку значи дека на организмот му недостасува витамин. Белеењето на косата има и генетски фактор. Сепак, косата побелува со редукција на пигмент. Станува сива поради недостаток на меланин. Тоа е пигмент во фоликулите на косата. Генетиката игра значајна улога. Ако кај родителите рано почнала да белее косата, можеби истото да го доживеат и нивните потомци.

Ако некому во семејство не му побелела косата на млади години, тогаш косата белее од посебни причини. Првата е недостатокот на витамин Б12. Тој го зголемува производството на колаген во телото, што го подобрува здравјето на косата. Стресот го зголемува нивото на кортизол, што го зголемува бројот на слободните радикали и ги оштетува фоликулите и клетките кои произведуваат пигмент на косата. Белеењето се должи и на тоа што телото не може да го апсорбира количеството на неопходниот витамин. Над 50 години се губи способноста да се апсорбира витаминот Б12 од храната и се препорачува да го внесуваат преку суплементи. Кога еднаш ќе побели, косата никогаш не може ја врати природната боја, покрај различните рецепти. Да се забави процесот, нужна е здрава исхрана и физичка активност. Во храната треба да има витамин Б12. Го има во риби, туна, пилешко, јајца, нутритивен квасец, млечни производи, јогурт, сирење, други типови на месо, одредени збогатени производи, како млеко од соја.

Ризични групи се лицата кои следат стрпога вегетаријанска исхрана, затоа што најдобар извор на Б12 е токму месото. Голем е ризикот кај веганите кои не конзумираат продукти од животинско потекло.

Недостигот на витамин Б12 не е честа појава. Се развива бавно. Симптомите постепено растат. Кога во телото има сериозен недостиг на витамин Б12, некои од симптомите се слабост, замор, недостиг на енергија, вртоглавица, дијареја и запек, инконтиненција, проблеми со концентрацијата, забрзан срцев ритам и забрзано дишење, воспален јазик, крвавење на непцата, бледа и жолтеникава кожа.

Loading