АКЦИОНЕРСКО СОБРАНИЕ В КОМБИНАТ

В понеделник

В понеделник е закажано Собранието на акционерите на Тутунскиот комбинат на кое ќе се гласа за избор на членовите на Одборот на директори. Александар Алексоски, Зоран Петрески, Афродита Настеска, Сашко Велјаноски, Гоце Николоски, Афродита Баталоска и Александар Кузманоски се предлог членовите на бордот. На официјалната страница Тутунски комбинат АД Прилеп.се поставени и нивните кратки биографии.

Александар Алексовски, роден 1990 година во Прилеп, дипломирал на Економскиот факултет – Прилеп. Работи во Гентерм како одговорен производствен менаџер во област со 450 оператори.

Александар Кузманоски, роден 1977 година во Прилеп, дипломирал на Економскиот факултет во Прилеп, од 2008 до денес е генерален директор и сопственик на Макорбитал ДООЕЛ – Скопје извоз – увоз меѓународна тргиовија.

М-р Афродита Баталоска, родена 1973 во Битола, по завршувањето на Факултетот за админситрација и менаџмент н аинформациски системи во Битола, магистрирала на МИТ Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје и стекнала научна титула магистер по Казнено право. Вработена е во АД Пошта, ЦРПС – Битола.

Гоце Николоски, роден 1974 во Прилеп, завршил Факултет за царина и шпедиција. Овластен сметководител е во Николоски Консалтинг ДООЕЛ Прилеп.

Сашко Вељаноски, роден 1970 во с. Ропотово, високо образование  завршил на МИТ Универзитетот во 2013, а во 2024 дипломиран економист. Од 2014 до денес е управител на ИЗ САГОМА.

Афродита Настеска, родена 1986 во Прилеп, дипломиран ецономист која магистрирала на Економскиот факултет во Скопје.  Вработена во Тутунскиот комбинат Прилеп.

Зоран Петрески е доктор на науки по јавна администрација.

Loading