3-то Ноември награди
“Наградата за животно дело – Златна плакета, по повод „3-ти Ноември” – Денот на ослободувањето на Прилеп, годинава се доделува на Владиката Петар и уметникот Жарко Башески. На Митрополит Преспанско – пелагониски и администратор Австралиско – новозеленски г. Петар за огромната ревност и оданост за верата, кој секогаш стоел и стои на браникот на националните интереси на нашата држава Македонија и православниот народ во неа. А на Жарко Башески – македонскиот скулптор, професор, уметник бидејќи неколку децении го промовира својот роден град Прилеп.”
Ова е објаснувањето на Комисијата за одбележување значајни настани, личности и празници, која ја соопшти Одлуката за доделување на награди и признанија по повод „3-ти Ноември” – Денот на ослободувањето на Прилеп.
Награди – плакети по повод „3-ти Ноември” – Денот на ослободувањето на Прилеп се доделуваат на:
Прилепска Пиварница-за 100 годишно постоење во општествено-економскиот живот во Прилеп;
ОУ ,,Климент Охридски’’-Прилеп- постигнати успеси во воспитно образовниот процес и реализирани проекти;
Друштво за производство, трговија и услуги ВИК МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ с. Алинци Прилеп како општествено одговорна компанија;
Ликовна колонија – Дрен за повеќегодишно меѓународно уметничко творештво;
МАТАДОР – успешна и општествено одговорна компанија;
Научен институт за тутун – научно истражувачка, образовна, апликативна производна издавачка дејност;
Мариовско – Мегленски средби – за успешно реализирани настани од областа на културата и фолклорот;
ФК Братство Големо Коњари-за постигнати резултати и придонес во спортот;
Центар за развој и едукација Прилеп – за успешна реализација на услугата помош и нега во домот;
Австралиско – Македонско друштво „Методија Андонов-Ченто” од Сиднеј– за негување на традициите и донации за најмладите во спортот.
Награди – дипломи по повод „3-ти Ноември” – Денот на ослободувањето на Прилеп, им се доделуваат на:
Марјан Јованоски – солист, првенец во македонска опера и балет;
Јован Аврамоски- за пожртвуваност и посветеност во областа на заштита и спасување;
Љупче Петрески протоереј-придонес во општествениот културно-уметничкиот и духовниот живот во Прилеп;
Трајче Зуљамоски-педагог, спортист волонтер хуманист;
Ивана Атанасоска – светска олимпијада по геонауки;
Билјана Тинтоска-успех во воспитно-образовната дејности и книжевноста
Елена Ртоска – за особен придонес во развивање на екстремните спортови и
Никола Павлески – младински првак во шах.