Стрелаштво
Во Охрид се одржа третото коло од Купот на Македонија со воздушно оружје, меѓународна програма. Меѓу учесниците беа тројца стрелци од два прилепски клуба – Стрелец 09 и Нишан 08, во категоријата воздушна пушка. Во натпреварот со пушка за сениори 2. место освои Миле Кремчески (Стрелец 09) со погодени 406,9 круга. Подобар од него беше Драгослав Кудрановиќ (Стрелец, Скопје) со 610,4. Во натпреварот со пушка за јуниори 6. место освои Мартин Димитриоски (Стрелец 09) со 571,8, а на 12. место е Стефан Бабовиќ (Нишан 08) со 516,7. Победник беше прилепчанецот Мартин Ангелески (Стрелец, Скопје) со 622,7.
Вкупно беа 50 стрелци, претставници на 9 клуба од 6 града.