Во селото Мало Коњари
Гим сала под ведро небо се отвори во училишниот двор во ОУ “Страшо Пинџур” во селото Мало Коњари. Донацијата е плод на соработката на невладината организација Про Локал и општината Прилеп, Младинскиот совет Прилеп со амбасадата на Холандија наменета за учениците и за младите. Станува збор за јакнење на спортската инфраструктура во селото. Слични справи за вежбање ќе се постават и во дворовите уште на седум училишта во Пелагонија.
Про локал работеше интензивно да се реализира проектот и младите да научат дека само со нивно проактивно делување можат да направат позитивни промени во животната средина – истакна Емилија Ѓероска, Про локал, реализатор на проектот.
Општината Прилеп 3 години помага со кофинансирање.
– Донацијата е од буџетските обврзници на Холандија. Повеќе години се вложува во развојот и подобрување на условите во училиштето – рече градоначалникот, Борче Јовчески
– Ваквите проекти се еден вид продуховување на живеењето – рече Зоран Петрески, директор на училиштето во Мало Коњари.
Проектот чини околу 3000 евра.