АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Откако ќе се победите себе си, може да сметате дека ќе бидете непобедлив.

*

Слободата нема да биде тоа, ако се злоупотребува.

*

Повеќе нема да има кумови. За име ќе си го прашаш соседот.

*

Сеуште нема универзитет на кој ќе се учиме од сопствените грешки.

*

Ако пливате во долгови не ги потопувајте бродовите.

*

Просвет(л)ете се пред да ви се стемни.

*

Колку повеќе те мразат, толку повеќе вредиш.

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading