Ми лежат романите

Марија Ѓорѓиоска, писател

“Да твориш, треба да имаш желба. Она што те мачи, а не можеш јавно да го кажеш, се обидуваш да го напишеш и да остане трајно. Но и тоа е дарба”.

Вака вели писателката Марија Ѓорѓиоска, која во ЦК “Марко Цепенков” ја промовираше новата поетска збирка “Од сé по нешто”, а се претстави и со изложба на нејзини дела.

 Во стихозбирката се поместени песни за животот, внуците, традицијата… Се пренесуваат во стиховите   чувстватата,   желбите,   хармонијата,   уметноста,     волшебноста   на   природата. Во  делот на традицијата, се излеваат мисли за  празниците, Тајане бојане, Прочка, Бадник и Коледе. Неколку песни се посветени на внуците. Објавена е и хумореската “Вдовиците од Мртовечко сокаче на Прочка”.

Ѓорѓиоска е автор на осум романи и шест стихозбирки.

– Додека ги пишував романите, бев наклонета на романи. Ми требаше повеќе време. Стихозбирките се полесни, бидејќи се искажам поцелосно со помалку зборови. Тоа е разликата меѓу романите и стихозбирките. Сепак, повеќе ми лежат романите – вели Ѓорѓиоска.

Инспирацијата наоѓа во секојдневието.

– Пишувам за она што ме опкружува. Забележувам вистински приказни што им се случуваат на луѓето. Мислам дека успевам, бидејќи добивам пофалби. Сакам натаму да творам уште повеќе и да оставам нешто вредно за спомнување –  истакнува писателката.

Таа е и сликар со 15 самостојни изложби и 13 групни.

– Сакам да ја овековечувам природата на платното. Последниве години ми “натежнуваат” портрети. Ме радува кога ми велат дека ги реализирам успешни — додава Марија.

Loading