ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (261) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Децата кога разбраа што се догодило со загарчето Зариф почнаа сите деца да вријат од големасмеа и Зариф го нарекоја страшлец, мочко прдло. Во чест на денот Коледе спонатано Ваншо го зеде загарчето Зариф и го однесе во кујната. Тоа слатко смеење од децата беше преку целиот ден и подолго време.

Ванчо ловџијата рече, утринава тргнав со дватазагари и малиот Зариф нагоре во Орев за да го вежбав Зариф за на лов. Двата загари во Орев од кај ораницата Колеска е потера една лисица преку Цуцулескамен долга стена нагоре кај Таваните кај Дробениокамен е претера во бонечкото е отера до Слива и Писокал.

Ние со младото стенче Зафир отидоме до дивите врби. Тоа почна да рашетува и нушка во дабовите расје. Туку оддеднаш почна да квичи, цимоли, од тука рипна еден зајак и си фати нагоре. Зариф се уплаши од зајакот, место да дојди кај мене, тоа со квичење, цимолкање преку Садината го фати патот за дома. Го видов измеѓу оградата од велјанчето и лозјето Новаческо за дома.

Сквичило и загрепчило на вратата домашна, синот Аце само што ја отворил вратата се пикнал под пампурот и оттаму почнал со лаење, голем страв доби палежен зајак. Ниту најдобрата марулска баснарка Илица Петра Крушкојца нема да го излечи во смеја рече ванчо Павлески ловџијата.

Ситуацијата се смири, децата насмејани влегоја дома, ја отворија печката, направија коледарско цив пиле и коледарски извици коледе, коледе, коледе. Коледарските гости беа почестени со вино и ракија. Децата први осетуват надвор се делат булина. Делач на булината е Јолески Благоја од детинство е другар со ванчовите деца.

Со голема смеа за ванчовиот иден загар Зариф се напушти нивната куќа и замина во комшивската куќа од Павлевци Јоновци.

Коледарите кај Павлевци Јоновци влегоја со голема веселба поддржани од музиката од Нацко и Петре почестени со вино и ракија. Децата го направија коледарскиот адет со цив пиле и големи весели викотници коледе, коледе. Музиката трешти дома весело со ора и песни од страна на младите коледари Трајче, Благоја, Богоја, Трајче, Петре, Ќиро, Сребре, Павле, Томе, Митре, Крсте и др. Меѓу нив фатени на ората домашните девојчиња Спасија, Горица, Верка. Ако можат да го красат средселото, па зошто не и дома. Голем џумбус и веселба се разви во нивната куќа.

Малите деца осетија да надвор ќе се дават булина, сите наредени како во строј. Делач на булината беше Митре Бабјак. Со ситото в раце поле со булина наместен на излезот на чардакот и дели коледарски булина. Кој добиват булина заминуват за кај Јованче Мурџески. Кај Павлевци Јоновци се виде и Колески Стојко, 67 годишен дедо без торбе, само разонода за да му помини денот.

Додека стигнат возрасните коледари, децата веќе кај Јованче Мурџески прават цив пиле и гласно викат коледе, коледе. Коледарите врвејќи поред Павлеското трло за кај Јованче се слуша гласно блеење нна овци, мајки и мали јагниња, си се бараат меѓу себе.

Продолжува    

Loading