Лек за реума, шилци…

Ефикасен лек за реума и шилци, кој е само за надворешна употреба. Не се пие, туку се мачка или се става како облога. После десет дена од мачкањето се гледаат ефектите со исчезнување на болката.

Потребни се 1 литар домашна ракија, посилна, околу 50 степени, 3-4 гранчиња рузмарин (20-30 см должина), 10 апчиња аналгин, 10 апчиња ацетисал и 5 грама ментол кристали (од аптека).

Во пластично шише се става домашна ракија. Во неа исечканиот рузмарин. Потоа се додаваат 10 дробени апчиња аналгин и уште 10 ацетисал. На крај се додава 5 грама ментол кристали. Шишето се става на прозорец 30-40 дена. Секојдневно се протресува да се растворат состојките. Потоа може да се користи само надворешно. Се мачкаат рацете, нозете , грбот и сите болни зглобови или места каде што се формирале шилци. После нужно е да се облече дебела облека да се загрее телото. Најдобро е да се направи пред спиење, кога телото природно се одмора и закрепнува. Болното место може да се завитка со компресивни завои, волнен шал и слично.

Loading