Богат француски производител на вино дошол во некое кафеанче во Кавадарци и ставил 5.000 евра на масата и рекол:
– Кој може на екс да испие 5 литри вино ќе ги добие парите.
– Јас! – рекол Цацко, само да ме почекате 30 минути.
Французинот се согласил.
По 30 минути се вратил Цацко и за 20 секунди испил 5 литри вино.
Французинот му ги дал парите и го прашал зошто чекал 30 минути за да ги испие 5-те литри вино.
– Пааа…бев до дома да видам дали можам, за да не се брукам пред пријателите.