Театар
“Го викаа Господин” или можеби уште “Го викаат Господин”, тоа се двата кандидати за име на претставата што се поставува на сцената од тееатарот. Режисер е Борис Василески. Текстот е напишан од современ германски писател Филип Леле во 2008 на 30 годишна возраст. Премиерата се очекува на крајот од ноември.
Претставата ја следи приказната на Господин, човекот кој на донкихотски начин се бори против капитализмот, влегувајќи во борба против целиот свет.
-Текстот е силно врзан за современите случувања на овој доцнокапиталистички начин на живот и каква форма зазема светот кога безрезервно се става парите да го диктираат темпото на живот. Станаа петтостепени сите вредности што некогаш постоеле. Од овие размисли потекна идејата за поставување на оваа претстава, за дасе направиме чекор назад и да се погледне од далеку на што изгледаме кога сме под влијание на парите. Публиката ќе гледа фарса, која е сестра на комедијата – вели Василески.
Ќ е играат, Игор Трпчески, Даниела Иваноска, Димитар Ѓорѓиевски, Дарко Карбески и Наталија Ристеска. Сценографијата ќе биде на Ненад Тонкин, костимите на Марта Дојчиновска, а музиката на Томе Темелкоски.