Фељтон: Томе Велјановски
Делачот на коледарските булина беше Јолески Благоја Мал Тито со ситото в раце. Тука се знае први дознават малите деца се редат во ред и се подарени со по едно коледарско буле со тоа коледарите ја напуштија Степановата куќа и замина во комшивската куќа кај Јован Мурџески.
Близината обувки не троши, коледарите од кај Јован излегуват кај брато Цветан влегуват поради ги делат влезните врати на куќата. Куќата му е под еден покрив поделена на два дела. Уште додека не е завршено коледарството кај Јован веќе кај Цветан се слуша дечкиот глас коледе, коледе е извикано заедно со цив пиле, цив пиле. Музиката со ора и песни трешти.
Делач на коледарските булина беше Томе Бабјак така речено Мурџески зет. По желба на дедо Цветан, а додека прв пат како делач Томе одговорен на таа работа. Малите деца кои зедоја коледарски булина веќе заминуват во комшивската куќа кај Колевци Велевци.
Кај Велевци поновуваме многумина од коледарите кои за прв пат влегуват во велеската нова куќа поради е градена пред половина година. Ванчо домаќинот изврсен благ и разбран човек коледарите ги пречека со топла ракија и црвено вино.
Коледарчината мали не сака нудење е отворија вратата на печката и со стапчината буричка внатре и со силен глас го изговарат зборо коледе . Веселбата беше на големо ниво со ора и песни од страна на младите коледарски момчиња. Времето врви, делачо на булината коледарски Ќиро Котески застанат на каменовото почивалиште пред куќата со ситото в раце ги подарува со булина. Прво малите деца со испружени рачиња го чекаат подарокот штом го добиват си заминуват во соседната куќа на Ќире Колески. Ќиро им го враќа празно ситото на домаќините Колевци. Јана, мајка му на Ќиро е Колеска.
Коледарите кај Ќиревци беа пречекани од домаќинот и коледаро Благоја – Бале Колески. Децата коледарчината не чека, него самите си знат првата нивна работа беше извадоја жарје од печката и со стапчињата го сокршија јаглените некој во печката го сторија истото направија цив пиле и се слушна нивниот глас коледе, коледе, коледе за по две коледарски булина. Веќе и кај Ќиревци делач на коледарските булина колески потомок Димитрија Бабјак, баба му Јана е Колеска. Димитрија излезе со ситото в раце на каменовото почивалиште пред куќата дели коледарски булина. Децата е намириса работата со булината сите како пчели е напуштија куќата сите во строј со рацете подигнати за да земат буле. Додека возрасните развеселени во собата пеат и играат поддржани со музиката од Нацко и Петре.
Со излегувањето на возрасните коледари од кај Колевци Ќиревци го зедоја правецот низ колеските гумна за кај Павлевци Горни Ванчовци. Со тоа беше знак да Николовци галабарите се изоставени од коледарството во нашето село Марул. Коледарите врвејќи поред колеските трла се слуша овчки и јагнешки гласови, се борат едни со други.
Децата кои први зедоја булина кај Ќиревци замина низ колеските гумна за кај Павлевци Ванчовци. Но, за големо изненадување не можат дома да влезат поради одвнатре се слуша лаење на кучешки глас. Домаќините Ванчовци е отворија вратата од собата децата видоја под печката клечи едно мало куче загарче и лае. Поради утрото отишло на лов со ловџијата Ванчо. Од ненадејно пред загарчето Зариф од дабовите расје рипнал зајак тоа старо само четири месеци се исплашило и со бегање си дошло дома и нашло спас под печката се вади од стравот со лаење.
Продолжува