Оставка на Николоски

Фудбал: Победа

По последниот пораз од Башкими (3:1) во Гостивар, шефот на Стручниот штаб на Победа, Јане Николоски, поднесе оставка. Управниот одбор ја прифатил поради низата од лоширезултати, серијата од три пораза со ред, пласманот блиску до дното по седум одиграни кола. Стручниот дел сега ќе го води Стојанче Дунимаглоски, досегашниот помошник-тренер, а во соработник му е Христијан Сркески, тренерот на голманите. Николоски пред една година го наследи Филип Мирчески и избори опстанок во Втората лига со младиот прилепски тим.

Инаку, до следниот меч има пауза, гостувањето кај Вардар во Неготино е на 19 октомври.

Табела: Брегалница 17, Македонија ЃП и Башкими 16, Арсими 15, Кожуф и Детонит 12, Новаци и Охрид 10, Саса 9, Скопје 8, Беласица 6, Вардар Н. и Осогово 5, Победа и Борец 4, Вардарски 2.

Loading