Зградата на Участакот ,, Музејот 11 Октомври,, во 1921 година била Интернат од Гимназијата. Потоа Училишна школа, па Бугарска полициска станица од 1941 година до 1944. Меѓу граѓаните е познат под името участак, оти бугарските власти ги нарекувале така полициските станици. Сега е Меморијален музеј, посветен на денот кога во 1941 година беше нападнат полициската станица, со што почна НОБ на македонскиот народ.
Народните востаници ја подгревале идејата за слободен живот, кога бугарските окупациски сили ја презеле власта. Младите интелектуалци заеднички и храбро се бореле под симболот на непокорот – црвената петокрака. Востанието почнало со нападите на полициските станици во Прилеп и Куманово, а заврши со ослободувањето на Тетово во ноември 1944 година.