Домаќинот со 30 медали!

Џудо

По повод 11 Октомври се одржа Четиринаесеттиот меѓународен џудо-турнир “Прилеп, град херој – Цевитана куп”, во организација на Џудо-клубот Сеишин, со поддршка на Џудо-федерацијата на Македонија. Во салата на СОУ “Ристе Ристески – Ричко” беа борбите на 300 џудисти од осум држави (Бугарија, Грција, Грузија, Србија, Кипар, Албанија, Шкотска и Македонија) во три возрасни категории: деца до 11 години, пионери до 13 и пионери до 15 години, во машка и женска конкуренција.

Многу медали беа доделени од страна на Сеишин, клубот домаќин, кој се покажа на високо ниво и на натпреварувачки план. Овој клуб освои 30 медали, од нив седум златни: Елдина Пупаловиќ, Сара Аџиоска, Бисера Јовеска (до 11 г.), Софија Ѓорѓиоска, Дила Пупаловиќ (до 13 г.), Марко Ацески, Тамара Илиоска (до 15 г.).

Сеишин освои и пехар, за најуспешен клуб во конкуренција на девојчиња до 11 години.

Loading