Сите 14 клуба в ждрепка

Трета

Иако имаше скептицизам во поглед на плаќањето котизација, сепак сите 14 клуба ја извршија обврската и влегоа во ждрепката за Третата лига – Југ во Кавадарци. Според неа, распоредот носи интересни мечеви уште во првото коло, на 8 септември во 15 часот. Тој ден има големо дерби во Крушево, каде се среќаваат Питу Гули и Големо Коњари. И на теренот кај Могилата во Прилеп е привлечен дуел, Ултрас – Младост (Кривогаштани). Еве ги и другите дуели: Бучин – Превалец (Велес), Башкими (Горно Јаболчиште, Велешко) – Росоман, Марена – Обршани, Влазними (Пресил, Крушевско) – Венец (Долни Дисан, Неготинско) и Дреново (Кавадаречко) – Слога (Лажани).

Есенскиот дел завршува на 1 декември.

Loading