Кошарка
Веќе дваесетина дена се подготовките на Мега баскет, клубот член на Втората кошаркарска лига на Македонија. Покрај тренинзи во салата на ОУ “Добре Јованоски”, планирани се и контролни мечеви. Според обраќањето кон јавноста, клубот има повисока цел од лани, кога беше пасманот во 1/4-финалето од плејофот.
– Се надеваме дека оваа сезона за нас ќе биде една од најдобрите. Влегуваме со големи очекувања. Како и секоја година, се надеваме дека на нашите мечеви салата ќе биде исполнета до последното место за со ваша помош да оствариме подобар успех – е пораката до прилепските кошаркарски приврзаници.
Првенството обично почнува во октомври.