Ракомет: Турнир “Миле Нешковски”
Летово прилепските љубители на спортот се во потрага по квалитетни спортски настани, а токму таков е од 29 август до 1 септември – Деветтиот меморијален меѓународен ракометен турнир “Миле Нешковски 2024”, во спомен на прерано починатиот ракометар и тренер. Бидејќи влезот е слободен, а на паркетот се докажани со квалитет тимови, се очекува многу публика во салата од СОУ “Ристе Ристески – Ричко”. Според изложената програма, четири дена се возбудувањата. Почна синоќа со дуелите Охрид – Куманово и Прилеп – Еурофарм Пелистер 2, продолжува вечерва (петок) – од 18 часот Врање – Куманово, од 20 часот Тиквеш – Прилеп, а и утре (в сабота) уште два – од 18 ч. Охрид – Врање и од 20 ч. Тиквеш – Еурофарм Пелистер 2. В недела се мечевите за пласман – од 11 ч. за петто, од 13 ч. за трето место и од 15 часот финалето, по што е свеченото затворање низ доделувањето на наградите.
Учесниците и на претстојниот турнир ќе се борат за седумте награди кои ги подготви Организацискиот одбор. Првите три се колективни – за најдобрите три екипи, а другите се индивидуални – најдобар голман, најдобар стрелец, најдобар играч, како и наградата за животно дело.