Не ни ги врзувајте нозете кога ни го покажувате патот.
*
Не може по правило исклучоците да успеваат.
*
Не влегувајте во тунел за кој не знаете дали има излез.
*
Ако не не’ сметаат за папокот на светот, тогаш барем да не не’ третираат како слепо црево.
*
Зборот одговорност се почесто го (зло)употребуваат неодговорните.
*
Ако историјата е учителка на животот кој ли ги учи оние што сакаат да не вратат во историјата?!
*
Кога голтарите ќе постанат милионери дали државата ќе постане – голтар?!
“Д-р Хаџи-Васков”