Изложба
Новата изложба на склупторот Жарко Башески насловена Ецце Хомо Мацедоницус: Осмо Светско Чудо отворена е во Куќата на Уранија во Охрид. Изложбата вклучува десетина веќе познати дела и е презентација на нов концептуален проект, грандиозен објект во големи димензии, изработен од бронза и челик.
Идејата долги години е развивана заедно со професорот Јордан Плевнеш, писател од светски рамки и автор на најкраткиот роман во светската историја “Осмото светско чудо”, колевка на цивилизацијата.
– Проектот Ецце Хомо Мацедоницус: Осмо Светско Чудо’, ја претставува формата на веќе добро познатата скулптура “Ординарѕ Ман” на Башески, но овојпат во поинаков материјал. Изборот на материјали и конкретната форма на тесно се поврзува со концептот на авторот – велат организаторите.