Фудбал: Победа
Екипата Победа, иако одигра солидно и даде силен отпор во Штип, загуби минимално од Брегалница со 2:1 (стрелци: Иван Глигоров во 20., Рејан Абази во 53. за домашните, а Дамјан Ангелковски во 67. минута за гостинскиот тим). Нова шанса за бодови е следниот меч в сабота во 16 часот. На Градскиот стадион “Гоце Делчев” гостува новиот второлигаш Борец од Велес. Овој тим на стартот како домаќин со 0:1 загуби од Башкими. Двата тима што се без бодови ќе се борат да не им се повтори првото коло.
На премиерниот меч тренерот Јане Николоски одигра со Столевски, Ивчески (82. Миланоски), Фејзуловски, Д. Дебрешлиоски (66. М. Талески), Да. Спиркоски (82. С. П. Спиркоски), Н. Талески, Ѓурчиновски (63. Л. Петејчук), Ангелковски, Д. Шаркоски, Кофиловски, Богевски (63. И. Трајкоски).
Според ждрепката за 16-финалето од Купот, на 18 септември Победа е домаќин на прволигашот Гостивар.