Просторот на порнешните канцеларии и оранжерии за цвеќе на Комуналец е претворено во дувло на змии и гуштери, па и на разноразни инсекти. Врие и од муви, скакулци, бумбари, штурци… Од Комуналец никој не се охрабрува да одговори што ќе прават со просторот во државна сопственост кој до неодамна беше база за нивната дејност. Ниту директорот, ниту портпаролот ги нема да се јават, барем, ако не повеќе, да кренат раменици и одговорноста да ја лоцираат на друго место.
Јавното препријатие, откако се пресели во просториите зад старата локална самоуправа, го остави местото со неколку стотици метри квадратни да зарасни во мала прашума, погодна за ведење на влекачи и инскти. Соседите повеќепати реагирале кај локалните власти и во Комуналец, но еве неколку години никој не презел потег барам да се исчистат тревите, жбуновите и конструкциите на стаклениците од “бујната” вегетација. Граѓаните кажуваат и стравуваат дека гуштерите, толку се накотиле што веќе им ги “напаѓаат” домовите. Животинчињата ги вознемируваат и предизвикуваат несигурност и трепет. Среќа е што и глодарите, глувците, ги нема во којзнае колкав број, поради мачките кои нашле лесна “трпеза” за исхрана. Местото им е “мека” за опстанок и на неколку смокови кои се “башарат” во, за нив, пријатниот амбиент, богат со храна. На жителите им се ребрат коските. Се плашат дека змиите в зима ќе се преслат по визбите да го претераат студот.
Слични запоставени простори има и на други места во градот, но за жал, никој не ги слуша повиците за “спас” од влекачите.