Уапсен канатларчанец за подметнување пожар

Полицијата лишила од слобода 29 годишен жител на селото Канатларци. Тој се сомничи дека предизвикал пожар во кој горела сува трева во месноста Корија кај селото Канатларци. Нема повредени лица, а огнот го скротила и изгаснала територијалната противпожарна единица од Прилеп,.

Според кривичниот закон, за ова дело се предвидува казна затвор од најмалку 8 години, доколку настапи пожар од поголеми размери.

Земјава е зафатена со многу пожари ова пеколно лето.

Loading