Фудбал: Втора лига
Ждрепката во ФФМ сакаше распоредот на Втората лига да го донесе традиционалното дерби, Брегалница – Победа, в сабота од 17 часот во Штип. Според имињата на тимовите е дерби, а сепак, според доскорешниот статус штипскиот тим е во улога на фаворит со оглед на тоа што до пред два и пол месеца беше прволигаш, додека прилепскиот одигра бараж за второлигашки опстанок.
Гледано од прилепски агол, Победа и есенва е мошне млад тим како и пролетоска. Пред тренерот Јане Николоски се претежно фудбалери од 16 до 19 години. Заминаа: Горан Димоски (Борец), Христијан Поп-Антоски (Детонит), Никола Сарески (Кожуф) и Дестан Адили (Воска). Дојдоа: Антонио Шемкоски (повратник од Големо Коњари), Матеј Ѓурчиновски (Слога Виница), Мартин Андоновски (Кожуф), Никола Талески (Беласица), Амир Фејзуловски (Детонит) и Дамјан Ангелковски (Скопје).
Победа во пресрет на првенството одигра седум пријателски меча.