НОВ ПРОДАЖЕН ОБЈЕКТ ЗА 50-ТИОТ РОДЕНДЕН

ПЕКАРНИЦАТА ЏУЛИЈАНО

– Педесет дена, со секој купен четврт бурек муштериите добиваат гратис чаша јогурт

Во годината кога го прославуваат 50-тиот роденден, Пекарницата Џулијано отвори нов продажен објект во срцето на градот. Веднаш до некогашната Градска кафеана, наспроти општинската зграда, после 8 месечно реновирање, се издигна нов современ млечен ресторан во кој, во екстра амбиент, потрошувачите може да се насладуваат на единствениот и ненадминлив вкус на бурекот, белите печива, кроасаните, крофните, пиците, гевреците, переците и друго изработени од екстра квалитетни намирници.

Новиот објект, кој е на два ката и чини многу пари, граден е по европски терк. Или како што во шега вели, сега најстариот сопственик од лозата Дамески, Пеце има толку убава климатизација и вентилација што сега муштериите не мора од врата да порачуваат за да не се замирисуваат, туку може да уживаат и седат во објектот додека го вкусуваат избраниот оброк кој е произведен со многу путер, масло, специјални брашна и професионални намирници, или пак уживаат во вкусното кафе. Идејата за проширување и отворање на новиот простор е заедничка одлука на сите, особено на младите менаџери, синовите Милан и Давид.

Палетата постојано се шири благодарение на неуморноста и инвентивноста на сопствениците надополнета со достигнувањата на технолозите од Скопје, Хрватска, Италија кои им се добавувачи на материјалот за производство.

– Ново е интегралното пециво со семки од сончоглед, или со маслинка и кашкавал, како и чоколадираната кроасана која е најнов производ, без еурокрем,  но едната страна е цела чоколадирана. Тука се и крофните од германско брашно со специјален фил. Бурекот е стандард понуда, а во новиот дуќан, 50 дена со секоја четвртина бурек, чашата јогурт е гратис – објаснува Пеце Дамески.

Целиот промет и оставените пари од гостите на денот на отворањето ш ќе им с едонираат 60 илјади денари на 7 семејства.

Ова е седми објект во ланецот под брендот Џулијано. Успеваат да се справат со недостигот од работна сила, затоа што ги ценат вредните работници. Затоа имаат вработени дури од далечната 1992 година.

– Имаме свои објекти речиси во сите населби. Се обидуваме со квалитет и технологијата која ја имаме за шмект на тестото, производот да биде вкусен, а со тоа да ги задржиме старите и привлечеме нови муштерии кои ќе бидат задоволни. Вложени се доста средства и сега најважно ни е да продолжиме со квалитет кој го препознааат потрошувачите и повторно доаѓаат. Затоа што муштеријата може да го излажете само еднаш, а за да ви биде редовен потрошувач, треба континуиран квалитет – вели Пеце Дамески.

Инаку, успешната приказна на пекарницата Џулијано ја започна основачот Милан кој со пекарскиот занает се докажал во Варшава, во Полска. А пак Пеце работел во Швајцарија, каде и ден денес го бараат.

Квалитетните призводи од Џулијано може да се најдат, освен на добро позната локација во срцето на прилепската чаршија кај фонтаната Итар Пејо, спроти ОУ “Кире Гаврилоски и кај Економското училиште, како и во пекарницата на улицата “Марксова”, во Точила, кај болницата и во новиот модерн објект наспроти општинската зграда.

Кој пробал, знае за врвниот квалитет кој сопствениците го одржуваат постојано градејќи го брендот Џулијано. 

Loading