Цвекло за крвните садови  

Цвеклото е сладок коренест зеленчук полн со изненадувачки лековити својства и здравствени ефекти за човековиот организам. Тоа е природен антианемик, антибактерик, антипиретик, антиоксиданс, антисклеротик, детоксикант, диуретик… Богато е со нитрати кои телото ги претвора во соединение за релаксација и за ширење на крвните садови, претворајќи ги во “автопат” за крвта, збогатена со хранливи состојки и кислород.

Слаткиот вкус потекнува од јаглехидратите, особено од сахарозата. Богато е и со витамини и минерали. Затоа го регулира крвниот притисок, го намалува ризикот од срцеви болести. Едновремено го чиси црниот дроб, лекува анемија, го подобрува варењето на храната и празнењето на цревата. Генерално, ја јакне отпорноста на организмот.

Ја регулира циркулацијата и крвниот притисок. Одличен регулатор е на крвотокот. Ако се пие само една чаша сок од цвекло се намалува притисокот. Три часа подоцна се бележи помало згрутчување на крвта. Делува позитивно со пад на ризикот од несакани кардиоваскуларни заболувања. Цвеклото е во група моќни антиоксиданти и антиинфламаторни средства кои се борат против хронични болести поврзани со слободните радикали и воспаленија како што се срцеви болести, дебелината… Се испитува дејството на цвеклото како “борец” против ракот. На дијабетичарите цвеклото им го подобрува работењето на црниот дроб и малку го намалува холестеролот. Овој “корен” ја победува нередовната столица и запекот.

Loading