АЛЕГОРИЧНИ ФРАГМЕНТИ

Изложба на скулптури

Изложбата на скулптури насловена “Алегорични фрагменти” ќе биде отворена вечерва од 20 ч. во ликовната галерија од ЦК “Марко Цепенков”.

– Како творци во уметноста и продолжувачи во негување на традицијата за скулптура која веќе три генерации  опстојува во Прилеп се претставуваат осум вајари – вели Маја Ралева Миладиновски, носител на проектот.

Се претставуваат Емил Солески, Елена Димоска, Филип Перески, Методи Исков, Марјан Стојаноски, м -р Маја Ралева Миладиновски, м-р Филип Јовески и Марта Макеска

Според Ралева Миладиновски, авторите имаат долгогодишно искуство и заедно работеле на тематскиот израз за изложбата.

– Преку делата се испраќаат пораки од друг агол, како насловот на изложбата. Содржината на делата го опфаќа целиот пристап кон темата, каде денес се мотивираме опкружени со бројни случувања. Утврдуваме поинаков однос кон уметноста. Секој уметник со личен пристап кон современата уметност отсликува одредена порака која се испраќа со однапред конципирано вајарско решение. Апстрактно симулирање на форма како дел од ова парче земја преку композициски решенија и градација, просторна игра како одраз на апстрактно и асоцијативно поставените фрагменти со целокупниот состав создаваме алегорија исполнета со емоции кон убавото и заборавеното – додава Ралева Миладиновски.

Loading