ПО БРОНЗАТА, ГОДИНАВА СРЕБРО ЗА ПЕТАР МИРЧЕВСКИ

Сребрен медал на 56-тата Интернационална олимпијада по хемија во Ријад, Саудиска Арабија освои Петар Мирчевски од прилепската гимназија „Мирче Ацев”. Ова е прво сребро за Македонија на светскиот натпревар. Тој лани освои бронзен медал, а годинава своето знење го потврди со скалило погоре. Македонскиот тим освен сребрена, освои и бронзена медала која ја понесе ученик од Штип, под менторство на професори од Институтот за хемија при Природно – математичкиот факултет во Скопје и членовите на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија.

Гимназијалецот Петар Мирчевски успехот во Ријад, Саудиска Арабија го постигна во конкуренција  од 350 учесници од околу 90 држави од целиот свет. Знаењата се мереле на два натпреварувачки дела – теоретски и експериментален. Двата дела содржеле комплексни задачи и траеле по 5 часа.

Интересот кон хемијата кај Мирчевски го поттикнува менторот и професор Блаже Димески од гимназијата „Мирче Ацев”. Мирчевски, кој е млад хемичар и кому му се отвораат сите  врати на светските  универзитети, лани на 55 – тата интернационална олимпијада по хемија, во Цирих, Швајцарија освои бронзен медал.

Loading