Фељтон: Томе Велјановски
Пречекот беше весел со понуда од зимска салата. Тане домаќинот стана весел, подвикна со повисок глас, веселбата вечерва е за денот Варвара. Поред Сребре за послужување, гостите беа сестрите на Сребре 21 Горица и 16-та Алтана, мислам на нивната возраст. Кај новиот домаќин сино на Тане не се направи веселба со музика, само сите присутни му го честитаа празникот. Гости кај Китан беа вујко му Јован Делоски – Неданоски од с. Штавица, брат на мајка му Менка. Гости од Марул беа Јанкоски Блаже и жената му Ѓурѓа, внука од брат на Јован Делоски од с. Штавица. Музичарите се поздравија со сите кај Тане е прејдоја реката кај Крлешката за во Јужно маало Трета бригада, со нив Ќиро и Сребра за кај Недановци. Кај Недан Танески или Недановци имаше гости, ќерките близначки Петра со момчето Ило Делоски од с. Прилепец и Петкана со момчето Крсте од с. Ерековци. Карбески Веле, внук од сестра на Недан, како и марулецо Јанкоски Донче, внук од сестра на Недан.
Свирачите и нивното друштво беа весело пречекани и почестени сите од пијалоко и мезалако од на трпезата. Кога се постави прашањето за музиката, ќерките на домаќинот Недан, Милица, Драгица и Нада, па и нивната мајка го прашаа Недана дали можи да има музика поради скоро е умрена неговата сестра Петра Ристејца Јанкоска. На тоа Недан кратко одговори, не гале од моја страна не е пречка ако сакат свирачите нека е развеселат нашава куќа и сите вас младите слободно свирачите нека свират.
Откако се слушна одлуката од домаќинот Недан да можи да има музика свирачите Нацко и Петре ја активираа музиката, се отвори веселба во куќата со песни и ора. Милица Неданоска талентирана за ороводач на нога не гази. Веселбата кај Недановци заврши со повеќе песни. Привремените гости заедно со музиката ја напуштија Неданоската куќа отидоја во комшивската куќа кај Танески Ордан.
Музиката со нивната група кога дојдоја кај Ордановци најдоја неколкумина гости и тоа ќерката на Ордан, Васка со момчето Димитрија Ускоски од с. Шелеверци со малата Мимоза. Мицоски Трајан од с. Штавица први брачеди со Ордан, од брат и сестра. Петерски Петре Бабјак со неговата жена Трајана, мајка е нунка на Ордан. Петре Котески, брат на Трајана. Димоски Драган Богданоски, некоја си роднина со Орданица по Кулеви од с. Штавица. Драган е бончанец, Трајана е родена кај Кулеви во Крушевица. Свирачите и нивното друштво беа примени на гостинската трпеза и почестени.
Петре Бабјак талентиран играорец порача едно тешко за рамо оро, го извади марамчето од колко и почна по неговото играње, клекни заврти се поддржан од младите ораџии од Трајче, Благоја, Ќиро, Сребре, Петре, Трајче, Атанас, Методија, навистина се разви убаво оро, куќата се развесели. Едно оро и отсвирија на домаќинката Орданица Трајана, ербап жена ораџица со татко ми беа први брачеди од две сестри. Тетка Трајана, марулските жени на прекар ја викаа Арапката Танеска. Привремените гости со музиката уште со понеколку ора и песни ја напуштија Ордановата куќа, заминаа за Мицевци Таневци. Мицевските браќа Танески Дончо и Тане живеат во заедница, не делени со својата мајка Мицејца Митра. Вечерните привремени гости свирачите и нивното друштво беа примени на гостинската трпеза и почестени.
Надворешни гости им беа ќерките Мицејца Пауна со момчето Раде од с. Алинци, прилепско. Грозда со момчето Димче од с. Чумово. Марулски гости ги имаше Василоски Трајан со сопругата Блага, прв брачед на Танејца Анѓа. Павлеските браќа од Јоновци Игне и Јованче Мицески крстеници. Петрески Ванѓел Бабјак, фамилијарно со младата невеста од Томе Милица. Свекрвата Мара, золвата Пеша и Томе. Мара свекрвата му е прва брачеда од тетка на домаќините Дончо и Тане. На венчавката на младоженците Томе и Милица, Тане им беше нунко, кум.
Продолжува