Песна од нашата призната и позната поетеса Снежана Паноска е објавена во српски зборник. „Стани” ( Устани) се најде меѓу поезијата од 200 поети кои учествувале на меѓународниот конкурс од манифестацијата „Панонски галеб 2024” што го распишал Српскиот родонкраен клуб од Суботица.
Паноска вели дека е горда што нејзината песна се нашла во српскиот зборник и дека овие признанија и сите претходно добиени награди и се поттик за да продолжи да твори со несмалено темпо.
Таа е автор на повеќе книги и е член на Клубот на литературни творци Прилеп.
СТАНИ
Во сонот ми доаѓаш и
тивко ми велиш –
Стани, сонцето
одамна го ,, јаде”
Денот
Заграби уште
еден здив од него
Немој да спиеш
Тој поминува и не те
чека тебе
Да се разбудиш и да
го видеш
Како одминува како
мирна река
Или немирно море
Стани, радувај се,
немој да спиеш
За уште едно
разбудување на
Бога заблагодари му
се.
Снежана Паноска