Настап на оркестарот Јухас и фолклорната група Дуна Танода

На 7 август, среда од 20 часот на платото пред ЦК „Марко Цепенков” ќе се одржи концертот – Вечер на унгарски песни и танци, што Центарот го реалиизира во соработка со Здружението на Унгарците Теледом и Амбасадата на Унгарија и е дел од меѓународната активност на институцијата.

На концертот ќе настапат оркестарот Јухас и фолклорната група Дуна Танода  од Баја (Унгарија).

Оркестар Јухас  формиран е во 2000 година. Со текот на годините, станал еден од најистакнатите оркестри на народен мелос во Војводина, но и на сите територии со унгарско говорно подрачје. Добитници се на бројни награди и признанија како во Војводина, така и во Унгарија, но и во голем број на европски држави. Годишно одржуваат повеќе од 100 настапи со самостојни концерти или во придружба со фолклорни ансамбли.

Дуна Танода е фолклорно друштво  формирано 2019 година во градот Баја со намера да ги подучува младите за автентична, звучна вокална унгарска народна музика и народни танци. Учесници се на голем број на натпревари, фестивали, и смотри, дома и во странство претставувајќи ја унгарската култура и традиција.

Loading