Меѓународна ликовна колонија „Марко Цепенков – Дрен 2024„

Од 8 до 12 август по 16 – ти пат во ЦК „Марко Цепенков” ќе се одржи меѓународната ликовна колонија „Марко Цепенков – Дрен 2024„ на која ќе учествуваат уметници од земјава и од странство.

– И годинава уметниците ќе работат на слободна тема. Очекуваме да се создадат нови уметнички дела што ќе бидат дел од богатата збирка на Центарот. Создадените дела на годинашната колонија ќе бидат презентирани на изложба во Центарот, а претставување ќе има и во повеќе градови низ Македонија – вели Марјан Стојаноски од ликовната дејност на Центарот.

На колонијата ќе творат Петја Георгиева и Небојша Станков од Бугарија, Среќко Здравковиќ, Јована Ѓуриќ и Снежана Манасиќ од Србија, Александар Таневски, Светлана Попова, Тони Чатлески, Суарта Луфи и Ангел Коруновски од Македонија и прилепчаните  Никола Димески  и Марјан Стојаноски.

Колонијата се реализира со финансиска поддршка на Министерството за култура, а досега збирката на слики и скулптури создадени на колонијата надминува бројка од 400 дела.

Loading