Над светскиот младински шампион!

Шах: Пак успех на Роберт Велески

На островот Шолта, во Хрватска, се одржа Седмиот меѓународен блиц-турнир во шах. По 11 кола победник е нашиот фидемајстор Роберт Велески, Првото место е вредно, оти е е во конкуренција на 46 шахисти од 12 држави. Меѓу нив беа 8 фидемајстори, 3 интермајстори и еден велемајстор, Огњен Цвитан од Хрватска. За него е познато дека некогаш беше светски младински шампион и освојувач на сребрен олимписки медал со репрезентацијата на Југославија. Нашиот Велески, иако загуби во дуелот со Цвитан, на крајот успеа да освои 9 поени да биде над сите на конечната табела. Веднаш под него е Цвитан со 8,5 поени.

Прилепчанецот, единствен претставник на Македонија, загуби двапати, а деветпати победи.   Организатор на турнирот беше Шаховскиот клуб Брда од Сплит.

Велески беше учесник и на Меѓународниот турнир “Шолта опен” каде го освои 25. место меѓу 66 шахисти од 16 држави.

Loading