СТАНОЈОСКИ ВТОР МЕЃУ 234

Шах

Нов голем успех на ВМ Звонко Станојоски. Го освои 2. место на Меѓународниот брзопотезен турнир “Алкалоид ОПЕН” во Скопје, меѓу 234 учесници од 7 држави. Иако беше деветторангиран на стартната листа, со само еден пораз (од првакот ВМ Кирил Георгиев – Македонија), со 9 поени успеа да се издигне седум места погоре. Постигна две ремија (со Александар Аранѓеловиќ и со ИМ Милош Станковиќ – Србија), дури осум победи (Александар Нолевски, Стојан Велкоски, ФМ Владимир Тркаљанов, Георги Петров, ИМ Дејан Стојановски, ИМ Никола Николовски – Македонија, Живан Шушулиќ, ИМ Душан Секулиќ – Србија).

Солидни се и други прилепчани: Горан Готовуша на 31. место со 7,5 поени, Дејан Ѓорѓиески на 40. со 7, ФМ Роберт Велески на 50. со 6,5.

Loading