НОВ ТЕЖОК МЕЧ

Кошарка

По двете победи (на гости со Тетекс, дома со Борец), за тимот Мега баскет се два тешки меча во Втората лига. Првиот веќе е одигран, со најмоќната екипа МКК Куманово (пораз со превисоки 94:40), а викендов е нова борба дома, со Ангели од Скопје. Противникот е на третото место. Есеноска во Скопје беше 69:63 за Ангели.

Табела: МКК Куманово 34, Шкупи и Маџари 29, Ангели 28, МЗТ Уни 26, Борец 23, Соколи и Водно 22, Мега баскет 21, Работнички 19, Тетекс 17.

Loading