НА ГОСТИ КАЈ ЛИДЕРОТ

Кошарка

Најсилна екипа во Втората кошаркарска лига е МКК Куманово. Постигна 16 победи на 16 меча. Токму кај неа викендов гостува прилепски Мега баскет. Но, и Мега баскет е во одлична форма, по двете победи во серија. Прво беше успехот над Тетекс во Тетово, потоа дома со 78:67 со велешки Борец. На овој меч Благој Велески постигна 23 поени, Стефан Стевананџија 18, Стефан Јаневски 17.

Табела: МКК Куманово 32, Маџари 28, Шкупи 27, Ангели 26, МЗТ Уни 25, Борец 23, Соколи, Мега баскет и Водно 20, Работнички 18, Тетекс 16.

Loading