БИТКАТА ЗА ТИТУЛАТА

Пинг-понг

Викендов продолжуваат екипните пингпонгарски првенства. Во Супер-лигата е борбата за титулата. Кандидати се Крива Паланка и Младост 96 од Прилеп. Во првата пролетна рунда Младост 96 игра со скопски Телеком нец 2, а Крива Паланка со штипски Шампион ФА. Вториот прилепски тим, Младост, се среќава со битолската Пелагонија.

Табела: Крива Паланка 18, Младост 96 – 17, Шампион ФА и Телеком нец 2 – 15, Младост 14, Пелагонија 13, Берово и Вардар 12, Работнички 10, Крива Паланка 2007 -9.

Настапуваат уште три прилепски екипи. Женските Младост и Младост 96 играат меѓу себе, а машкиот прволигаш Прилеп со струмички Астраион.

Loading