ПРИЛЕП Е НАД СИТЕ

Ракомет

Плеј-аутот на Супер-машката ракометна лига е според планот на Прилеп. Овој тим е на 1. место, по победата од 34:31 со Мултиесенс од Скопје, во 3. рунда. Најдобри стрелци: Владан Кастратовиќ 8, Денис Шабановиќ 6, Никола Цветаноски 5 гола. Така, Прилеп има 11 бода, а Еурофарм Пелистер 2 – 9, бидејќи битолскиот тим загуби со 24:23 од Вардар во Неготино. Според ваков развој на настаните, прилепската екипа се движи кон целта – опстанокот во највисокиот ранг. Поради исклучувањето на Аеродром следи пауза за Прилеп, па дури потоа е гостувањето на Куманово.

Табела: Прилеп 11, Еурофарм Пелистер 2 – 9, Куманово 7, Голден арт и Вардар Н. 6, Мултиесенс 4, Скопје 3, Аеродром 1.

Во Супер-женската лига Металург – Деспина 33:16, во рамките на 15. коло. Прилепскиот тим останува во средината од табелата (8. место) со 16 бода. Поради репрезентативните настапи, првенството продолжува на 9 март, со мечот Деспина – Спартак.

Loading