СТОЈЧЕВ Е НА ЕВРОПСКОТО

Пинг-понг

Настан број еден за пинг-понгот е Европското јуниорско пингпонгарско првенство во Скопје, почнато во средата. Учествуваат четири надежи, претставници на државава. Иако првенството е за пингпогарки и пингпонгари до 21 година, македонските учесници се многу помлади: 17-годишната Изабела Ковачовска и 14-годишната Фани Јованоска (Берово 1), 15-годишниот Александар Јакимовски (Крива Паланка) и 16-годишниот Лука Стојчев (Младост). Со оглед на квантитетот на пингпонгари од целиот континент, следствено на тоа и високиот квалитет, од нашите не се очекуваат големи резултати, туку важно е што ќе соберат искуство.

Селектор е прилепчанецот Зоран Јованоски.

Loading