НОВИ ВО ГОЛЕМО КОЊАРИ

Фудбал: Трета лига – Југ

Има многу разговори и преговори зимава, но најточни се службените информации. Според ОФС Прилеп, а во врска со третолигашот Големо Коњари, во овој клуб нови играчи се Петар Петроски (Слога Виница) и Илија Ристески (Росоман). Тие се двајца млади прилепчани кои ќе придонесат за подигнување на квалитетот на тимот од тренерот Горан Касниоски. До крајот на преодниот рок се очекува уште еден играч, како и голман.

Тренинзите на Големо Коњари се во февруари.

Loading