ВИЦ НА НЕДЕЛАТА

Тројца пријатели си седат во кафаната, си пијат ракија и се расправаат.

Првиот вели: – Јас сум таков инает што жената кога ќе ме налути по еден месец не и зборувам.

Вториот вели: – А јас сум толку инает што кога ќе ме налути по три месеци не и зборувам.

Третиот: – Јас сум таков инает што жената ме налути уште на првата брачна ноќ и уште не сум ја “допрел” до сега, веќе 15 години!

Другите двајца: – Доста бе, 2 деца имаш!

– За инает не ја прашувам од кого се.

Loading