НАПРОЛЕТ ДВЕ ЕСЕНСКИ КОЛА

Футсал

Пауза е и во Втората футсал-лига, во која екипата Победа е дебитант. Со оглед на ова, може да се смета за солиден билансот: 5 порази, 1 реми и 5 победи, со 13 бода бидејќи 3 бода се одземени поради казна од ФФМ за неправилен настап на играч. Седмото место меѓу 14 тима е задоволително. Желбата беше борба за пласман меѓу водечките на табелата, но се виде дека има и подобри ривали. Пред се лидерот на табелата, Проект од Јосифово, Валандовско, тим кој двапати победи во Прилеп со по 12 дадени гола – за првенство и за Куп. Есеноска не се одиграа сите рунди од првиот круг, туку останаа уште две. Тие ќе бидат напролет, во кои Победа прво ја дочекува Каршијака од Скопје, потоа гостува кај Шкендија во Тетово.

Датум за старт на пролетниот дел не е одреден.

Loading