ИСЧЕЗНАА И АЛВАЏИИТЕ

Старата чаршија не може да се замисли без ориенталните слаткарници каде што се продавале познатите алви, шеќерпарина и локуми. За жал, денес се одржува само една слаткарница. Таа не е наследник на слаткарското социјалистичко претпријатие ИНЗАП. За време на османлиите, специјалитети подготвени од прилепските мајстори се продавале дури и Виена, а прилепски алваџии, печалбари, имало во Босна, Бугарија, Србија и Влашко.

Според порталот Олд Прилеп, во Бугарија најпознат алваџија бил прилепчанецот Иван Стефанов Богоев кој со своето семејство се преселил во Јабланица во 1895 година. Таму произведувал и продавал таан-алва, направена по рецепт од Прилеп. Во 1934 година почнал со индустриско произвоство на неколку вида на таан алва, позната и денес како јабланичка алва.

Кај нашиот народ останал изразот “Алваџиски тефтер”, што значело валкана и неуредна тетратка или бележник, алудирајќи на постојано валканите и мрсни раце на вредните алваџии.

Loading