Меѓу 120 уметници од над четириесетина земји на 33-оит меѓународен фестивал за современа карикатура во Јапонија со две дела учествуваше и нашиот уметник Златко Крстевски. Делата се публикувани во специјален албум на 120 страници во боја со биографски референци на англиски и јапонски.
Неодамна беше откупено дело од Крстевски и е дел од колекцијата на Музејот Саитама Сити од Јапонија.