ПОРАЗ КОЈ ТРЕБАШЕ ДА Е ПОБЕДА

Кошарка

Во 11.  рунда, последна есенска од Втората кошаркарска лига на Македонија, Мега баскет – Работнички 80:82, победа на гостите од Скопје. Драма, каде резултатот се одвиваше според четвртините: 21:20, 22:23, 19:18 и 18:21. Кулминацијата беше во  последната секунда, кога прилепскиот тим имаше водство од 80:78, а скопјаните беа во напад. Гостите погодија за израмнување, со изнудено слободно фрлање за фаул и уште едно за техничка грешка. Така резултатот се сврти од 80:78 на 80:82. Првенството продолжува на 27 јануари.

Табела: МКК Куманово 22, Маџари 20, Шкупи 19, Ангели 18, МЗТ Уни 17, Соколи и Борец 16, Водно и Работнички 15, Мега баскет 14, Тетекс 13, Куманово 9.

Loading