ФИНАЛЕТО Е В НЕДЕЛА

Мал фудбал: Турнир “Свети Никола”

Петнаесетдневното уживање во убавините на малиот фудбал, на Хуманитарниот турнир “Свети Никола” во салата на СОУ “Ристе Ристески – Ричко”, кулминира в недела вечерта, со одигрувањето на мечот за трето место и финалето. Кој ќе биде победник на ваков турнир никогаш однапред не може да се претпостави, оти можни се изненадувања. Синоќа беше четвртфиналето, Могила – Теа Андреа/Џулијано, Компанија “Атанасовски” – Лимонада, Брест хем – АСП Пак/Фенербахче и Гостилница “Кај Мече”/Ла страда – Љупче Автоконтрол/Бест солар Тагас Балкан. Меѓу овие 12 екипи се крие освојувачот на пехарот. Дека фаворитите не се секогаш сигурни во победата, покажа осминафиналето, каде отпаднаа Портал БТ и За наш Прилеп, а натаму се пласираа Лимонада и Могила.

Денеска (петок) се двете полуфналиња, како и ревијален натпревар меѓу женските екипи на Цевитана и Топ гол од Битола. В сабота се дуелите за трето и прво место кај пионерите, како загревање за неделното сениорско финале.

Loading