СЛАЛОМ НА ТОПТАШ

И ние имам некоја сиромашна спортска традиција во снежните спортови. Незначајна, ама забележана во историјата.

Имало ентузијасти за ски спортовите во Прилеп. На фотографијава гледаме неколку сограѓани, кои за погодно место за скијање ја нашле надолнината кај месноста Топташ. Изненадува што случката е овековечена во далечната 1951 година. Се гледа дека асолно ја сфатиле пасијата, па располагаат со “профи скии и стапчиња”. Облечени се како што налагала “модата”. Радоста на лицата е иста како и кај малите деца на првиот снег. Им се читаат насмевки што се начекало снег и убаво место да ги прикажат знаењата во спортот кој бара агилност, добри физички предиспозиции и подготвеност.

Loading