Зборот културно наследство почесто се користи во секојдневниот дискурс на овластени институции кои се залагаат за, но и од индивидуалци кои имаат интерес. Културното наследство е важна тема не само во Македонија, но и во Европа, каде што постојат бројни фондови за финансирање, заштита и промоција.
Во киното Мис Стон денес се одржува трибина наасловена, Што е нематеријално културно наследство?
Информативната сесија претендира да ја зголеми видливоста за концептот нематеријално културно наследство преку предавање фокусирано на разјаснување на термините и видовите на културно наследство, конвенцијата за заштита на културното наследство на УНЕСКО од 2003 година, репрезентативните македонски примери впишани во УНЕСКО, националниот регистар на нематеријално културно наследство, начинот на аплицирање за листите на УНЕСКО, се дел од темите.