„ПОД НУЛАТА” ГРУПНА ИЗЛОЖБА НА ПРИЛЕПСКИ УМЕТНИЦИ

Уметниците, верните љубители и поддржувачи на уметноста, вечерва од 19 часот ќе имаат можност во  Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков” да присуствуваат на отворањето на изложбата „Под нулата”, чиј автор е Викторија Димеска, историчар на уметност.

Со дела ќе се претстават Анита Јовеска, Атанас Атанасоски, Бојана Артиновска, Викторија Димеска, Давид Атанасоски, Дарко Талески, Елена Димоска Николоска, Маја Ралева-Миладиновски, Марјан Стојаноски, Методи Исков, Филип Јовески, Филип Перески, Христијан Нашуловски и Христина Мазнеска.

„Под нулата”, вели кураторот Димеска,  е мулимедијален проект во кој учествуваат група ликовни уметници коишто ги истражуваа проблемите и решенијата поврзани со глобалното затоплување.  Организатор е Бојана Артиновска,  графички дизајнер Александар Ставананџија, додека за атмосферата на отворањето на изложбата ќе се погрижи Дуо Волчело.

Loading